Македонскиот шоумен Игор Џамбазов викендов наполни 60 години.
Игор пред своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“, во негов стил си го честиташе роденденот па, напиша:
„Да беше животов хокеј, овој ден ќе беше почеток на последната, трета третина.
Ако на крајот биде нерешено, ќе има и продолжетоци… Јадев 60-ка со кромид, среќен ми роденден и на здравје нека ми е!“ – стоеше во објавата.
View this post on Instagram
По тој повод од многубројните фанови, колеги и пријатели Џамбазов доби честитки, а доста од македонските познати личности споделија фотографии и му го честитаа роденденот на Игор.
Една од нив беше неговата колешка и пријателка Весна Петрушевска која остави емотивен коментaр под објавата каде напиша:
„Среќен роденден љубов моја“ – но, на нејзиниот профил му остави и видео порака со која го предупреди да внимава што прави, а во описот стоеше
„Среќен 60ти роденден братче. Лав ју“ – посакувајќи му оваа година да му биде старосватица или кума.
View this post on Instagram
Игор оваа година со алпинистката Илина Арсова ставија крај на љубовна приказна, а во една прилика откри дека далечината ја победила љубовта.
Игор Џамбазов, познат и како миленик на сите генерации е роден на 15 јули 1963 година, а во јавноста е уште од неговото рано детство запловувајќи во актерските води, а потоа и како музичар, писател и шоумен.
Среќна 60 -ка !
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ИгорЏамбазов/Весна Петрушевска