Јелена Карлеуша требаше да настапи во Хрватска, на островот Барбаринац, но надлежните органи и го откажаа концертот. Јелена Карлеуша со денови го најавуваше својот настап за публиката во Хрватска, а сега се огласи преку социјалните мрежи каде ги извести своите обожаватели дека нејзиниот концерт е откажан.
„Со жалење ги информирам сите мои фанови во Хрватска дека мојот концерт планиран за утре на островот Барбаринац е откажан од властите во Хрватска. Причината е шокантна и срамна – затоа што доаѓам од Србија“ – напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил и продолжи:
„Искрено, вакви работи во 21 век?! Примитивизам, расизам, шовинизам, фашизам, кретенизам, идиотизам. Поздрав до сите мои фанови во Хрватска кои масовно купија билети со пораката – ширете мир, љубов, толеранција и не дозволувајте омразата да ја труе заедничката иднина на сите нас добри луѓе! Нека нè обедини музиката! Ве сакам! ЈК“ – споделила пејачката.
Веднаш потоа се огласија и организаторите на закажаниот, па откажан настап на Карлеуша, кои само кусо изјавија: „Бевме присилени“!
Ова не е првпат во Хрватска да се бара забрана за концерти и настапи на српски пејачи. Неодамна аферата го потресе регионот кога градоначалникот на Пула го забрани концертот на Ана Бекута и Драган Којиќ Кеба.
Фото: Инстаграм/karleusastar