Рики Мартин и Џон Јозеф се разведуваат по шест години брак, пишува CNN.
„Одлучивме да ставиме крај на нашиот брак со љубов, почит и достоинство за нашите деца, почитувајќи го сето она што го доживеавме како пар за сите овие прекрасни години“, рече парот во изјавата за People, пренесува CNN.
„Нашата најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и односи засновани на мир и пријателство за да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца, зачувувајќи ја почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг“, објавија тие.
View this post on Instagram
Рики и Џаван ја имаат ќерката Лусија, родена во 2018 година и синот Рено, роден во 2019 година. Во 2008 година, Рики Мартин ги имаше близнаците Матео и Валентино, кои продолжи да ги одгледува како самохран родител.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/АФП/Кристоф Симон