Со над 90% вода, но истовремено и витамински коктел составен од витамините од Б групата, витамин А и Ц, лубеницата не само што ја навлажнува кожата, но ќе ја направи поубава, свежа и здрава.
Лубеницата исто така го изедначува и освежува тенот па затоа често ја користат во производство на козметички препарати.
Како се подготвува маската:
Неколку парчиња лубеница се чистат од семките и кората и се пасираат. Додадете и четвртина авокадо и пасирајте повторно. Оставете смесата да се олади во фрижидер и така ладна нанесете ја на лицето, вратот и деколтето. Студената лубеница ќе ја смири кожата, а витамините и маслото од авокадо ќе и ги дадат неопходните хранливи материи.
Пред да ја нанесете маската изложете го лицето на пареа за да се отворат порите со цел хранливите материи да се апсорбираат побрзо и полесно.
Се остава да делува 30 минути, а потоа се плакне со млака вода.
Извор: Курир.мк