Кога сме деца сонуваме да бидеме возрасни, да го дофатиме она што не можеме, и да го правиме она што го прават возрасните.
Кога ќе летнат годините и ќе станеме она што сме го посакувале како деца, тогаш знаеме да кажеме – ех сега да бев дете…
Секој човек барем еднаш во животот посакал да има барем еден безгрижен детски ден ама само носталгично можеме да се присетуваме на тоа време, па макар прелистувајќи ги низ умот спомените или фотографиите кои нашите родители ги зачувале.
И екс-водителката Снеже Велков која од пред извесен период стана пилатес инструкторка се наврати низ времето кога таа беше малечко девојченце, па на Инстаграм објави неодолива фотографија каде е преслатка – со кратка фризура, неодолива насмевка и продорни сини очи.
-Малата Снеже со големи соништа… напиша во описот на фотографијата, а веруваме дека се она што сонуваше кога беше мала денес го живее и во реалноста.