Драгана Мирковиќ е многу потресена од смртта на колегата Синан Сакиќ.
Фолк легендата Сакиќ беше погребан вчера во родната Лозница.
Семејството, колегите, пријателите го испратија во вечниот дом. Драгана Мирковиќ се обиде да зборува пред камери за покојниот колега, но ја совлада плач и се тргна од пред новинарите со извинување.
-Бескрајно сум тажна. За легендарната петорка веќе ништо не е исто, кажа Драгана.