Далгона, кремаста сензација која стана интернет хит пред неколку години, се прави од само три состојки: инстант кафе, шеќер и вода. Доволно е да ги измешате состојките и да ги матите додека не добиете густа пена, која потоа можете внимателно да ја истурите во чаша млеко – или да ја послужите со сладолед и разни креми. Рецептот стана популарен благодарение на социјалните мрежи, а денес матеното кафе може да се најде во широк спектар на комбинации. Ако сакате кокос или ванила, пробајте го овој милкшејк со матено кафе, а можете да го украсите со неколку топчиња кокос.
Рецепт:
Кафе:
2 лажички инстант кафе
2 лажички шеќер
2 лажици топла вода
Милкшејк:
1 средно зрела банана
30 гр сладолед од ванила или кокос
400 мл полномасно кокосово млеко
Подготовка на милкшејк со матено кафе:
Исечете ја бананата на кришки и замрзнете ја, па изблендирајте во блендер со кокосово млеко и сладолед додека не добиете кремаст шејк. Можете да додадете повеќе или помалку сладолед (или кокосово млеко) по желба.
Во сад измешајте ги кафето, шеќерот и топлата вода и мешајте 3-5 минути или додека не се добие крем.
Истурете го милкшејкот во чаша, додадете неколку коцки мраз и одозгора намачкајте го кремот од кафе.
Извор: Курир