Живот и Стил

Необични солени палачинки: Подгответе ги со компири и тиквички

Необични солени палачинки: Подгответе ги со компири и тиквички

Ви треба:

1 тиквичка
2 компири
1 главица кромид
масло и сол
3 јајца
200 мл млеко
130 грама брашно
Малку прашок за пециво
Магдонос

Подготовка:

Тиквичките и компирите изрендајте ги, посолете ги и оставете ги на страна. Кромидот ситно исечкајте го, претходно пропржете го и оставете го да се излади.

Во поголем пластичен сад изматете ги јајцата, млекото, брашното, прашокот за пециво, магдоносот и ренданите тиквички и компирите, а потоа и кромидот. Сè убаво измешајте, па во тава со малку масло пропржете ги палачинките.

Извор: Курир.мк

To top