Јагоди, нема кој не ги сака! Тие се вкусни, убави се за гледање, здрави, па дури и ги избелуваат забите.
Во потоплите денови, смути од јагоди ќе биде особено убаво, па само почнете да барате рецепти. Ние ви носиме еден за смути со јагоди и чиа семе.
Тоа е како да јадете благо, само без вишок шеќер и калории. Совршено е да го започнете денот или како ужина.
Состојки:
чаша јагоди
1 лажица чиа семе
половина чаша јогурт со ванила
1 лажичка мед или јаворов сируп
2 супени лажици семки од пченица
1 цела јагода
вода по потреба
Подготовка:
Измешајте чаша јагоди, јогурт, мед или јаворов сируп и пченица во блендер. Ако е премногу густо додадете малку вода. Потоа измешајте две лажици чиа семе во смутито и оставете да отстои најмалку 10 минути за да набабруваат семките. На крајот ставете една цела јагода на работ од чашата, а на врвот од смутито можете да додадете и половина лажичка чиа семе.
Извор: Курир.мк