Милица Гачин, водителката на квизот „Слагалица“, неодамна се осврна на тешкотиите низ кои минала за време на драматичниот развод од нејзиниот поранешен сопруг, со кој ги има ќерките Хана и Катја. Во шокантната исповед, во едно од нејзините видеа, Милица се осврна на односот на околината кон жените и во таа прилика се осврна на незавидната ситуација во која се нашла и самата по разводот.
– Кога имав 20 години не знаев апсолутно ништо, избрзав, на 30 бев нешто попаметна, но сепак избрзав. И тогаш, така вклопен во тој стереотип, ужасно се трудев да му угодам на првото дете, на второто дете, на мојот сопруг. Не излегував од кујната со денови, часови. За се да биде тип-топ, затоа што доаѓам од куќа во Војводина, се да биде зготвено, средено, да биде како што треба, куќа, деца. За се да биде совршено. И знаете што се случи? На првиот голем камен на сопнување, односно на првиот голем животен проблем, си замина. Рече: „Веќе не можам вака, тешко ми е“, се сврте и си замина – искрено раскажала Милица.
Таа во својата понатамошна исповед изјавила дека во тоа време се нашла во незавидна положба, бидејќи освен што се грижела за ќерките, се грижела и за болниот татко.
– Се најдов во незавидна ситуација, со две деца, со ниска плата, со татко кој беше во катастрофална ситуација, речиси на умирање. Тогаш сфатив дека мојата единствена опција е успехот, дека немам можност за ништо друго. Имам можност само да успеам и тоа е се што можам да си дозволам. Но, воопшто не е лесно – истакна водителката за Story.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Инстаграм