Утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија има женска постава за пред камери кои спонтано некако почнаа да наликуваат една на друга во поглед на изборот на стајлингот.
За водителката Милена Антовска – Станковска е познато дека ги преферира мини здолништата кога е во прашање нејзиното претставување пред камерите.
Но, од пред извесно време и нејзината колешка Вера Мештеровиќ почна да и праира на ваквиот провокативно сексапилен изглед пред камерите за добро утро.
Долгите нозе редовно се во прв план, а веруваме дека гледачите во даден момент повеќе гледаат, од што слушаат што има да се каже.
Згодните и стројни водителки можат да си дозволат да изберат вакави храбри комбинации кои себак се вешто споени во границите на пристојното и соодветното за ТВ форматот каде се претставуваат.
Нивната колешка Александра Пановска Илиевска отскокнуваше од вакват доза на умерена провокација и сексапил, но деновиве и таа се приклучи на овој нестандарден „дрес-код“.
Па така, Александра за промена избра здолниште со ултра висок шлиц споено со принт кошила. Седна на фотелјата, па и таа ги прекрсти долгите тенки нозе и во запази редот.
Александра најчесто има спсуптилен моден израз, а дали промената и беше по расположение на денот или се огледа на колешките, знае најдобро самата.
Вака или така, гледачите имаа и да видат и да слушнат.
фото:Инстаграм принтскрин