Радио Милева штркот повторно слета

Пере „Нокаут“ го прошири своето женско царство: Се роди Инес (фото)

Пере „Нокаут“ го прошири своето женско царство: Се роди Инес (фото)

Музичарот и кантавтор Никола Перевски- Пере стана татко по четврти пат- доби уште една ќерка. Вчера гордиот татко преку социјалните мрежи се пофали дека семејството се прошило, а ја објави и првата фотографија како во рацете ја држи новородената наследничка која го доби името Ирис.

-Ирис се роди… Ваистина се роди уште едно трилече, напиша тој во описот на фотографијата за која доби стотици допаѓања и коментари со честитки.

Женското царство на Пере стана уште поголемо, па така сега има пет жени до себе, да го чуваат, пазат, мазат, или можеби обратно – си знае самоот.

Инаку, Пере има три ќерки, две од првиот брак со новинаркатра Александра Спировска, Мхаела и помалата Каја, а со втората партнерка Јована пред две ипол години ја доби малата Софиа, а сега и Инес.

Познато е дека Михаела, која повеќето ја знаат како Миа, тргна по стапките на својот татко и се занимава со музика.

Пере и неговата сегашна сопруга Јована се заедно од 2011 година, а во 2020 година ја добија првата ќерка. За втората бременост на Јована не беше познато за пошироката јавност, така што за многумина приновата овој пат беше изненадување.

Честитеки, да е здрава и жива Инес!

фото:Инстаграм принтскрин/Никола Перевски

To top