Неодамна во медиумите се појави видео на кое се гледа како пејачот Миле Китиќ се бакнува во уста непозната девојка по настап во бекстејџ. Тие двајца си размениле галење, а потоа тој ја прашал која песна сака да и ја отпее и во таа прилика го спомнал името на неговата ќерка.
– Што сакаш да ти пеам, Хелена или Елена? – ја прашал Миле девојката, а кога таа му кажала дека ја сака песната „Хелена“, тој отпеал кратка песна, а потоа продолжиле да се бакнуваат, смеат.
Миле сега првпат проговори по спорното видео и истакна дека му е мило кога обожавателите ќе му пријдат и ќе побараат фотографија. И кога е уморен или брза, пејачот секогаш одвојува време за љубителите на неговата музика.
@advokat_leon @Halilovic_97 #kuja#tuka#prevarantka #lopov#helena #elena #milekitic #martasavic ♬ original sound – advokat Leon
– За некој да се слика со тебе, мора да те сака или почитува, без разлика дали си успешен во спортот или музиката. Единствено малку ми пречи кога пеам два блока, па имам пауза, па доаѓаат да се сликаат и ми требаат тие 15 минути за одмор, но тоа е дел од работата и морам да почитувам тоа – рече Миле.
Пејачот потоа откри како Марта реагирала кога го видела интимното видео со русокосата.
– Па, девојката тогаш дојде да се слика. Кога доаѓаат да се сликаат, понекогаш се бакнуваме, но за сето тоа има граница. Не беше како што изгледа, можно е од тој агол од каде се снимаше да изгледаше дека сме интимни, но нема ништо од тоа. Марта го виде тоа видео и рече: „Браво мајсторе!“ – заврши тој.
фото:Printskrin Alo.rs/Pink/фото:Принтскрин/ ТикТок/ Премиејера