Радио Милева нерасположен израз

На никого не му е јасно зошто вака позирале: Најновите фотографии на Роберт де Ниро и неговата партнерка се непријатни за гледање (фото)

На никого не му е јасно зошто вака позирале: Најновите фотографии на Роберт де Ниро и неговата партнерка се непријатни за гледање (фото)

Холивудската легенда Роберт де Ниро се појави во јавноста со својата партнерка Тифани Чен, а ова е втор пат парот да се повлече откако Чан го роди нивното дете, ќерката Вирџинија Гиа.

Сепак, нивните најнови фотографии се малку непријатни, а парот воопшто не изгледа среќен. Додека тие позираа за фоторепортерите, Тифани цело време се криеше зад Де Ниро и изгледаше исплашено, а актерот цело време имаше нерасположен израз, па брзо побегнаа од фотографот.

Роберт и Тифани неодамна присуствуваа на забава организирана од „Prada“ и „Vanity Fair“, а актерот цело време ја држеше за рака својата партнерка. На почетокот на април годинава се роди нивната ќерка, а актерот сосема несакајќи ја откри веста во едно интервју и го поправи водителот кога рече дека има шест деца, а тој го поправи на седум.

Во 2018 година, Де Ниро се разведе од сопругата Грејс Хајтауер, со која беше во брак 20 години, со која ги има 25-годишниот син Елиот и 11-годишната ќерка Хелен. Тој исто така има две деца со поранешната сопруга Дајан Абот, 51-годишниот Дрен и 46-годишниот Рафаел, а татко е и на 27-годишните близнаци Арон и Џулијан, кои ги дели со поранешната девојка Туки Смит.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

To top