Слатки залаци на кои никој не може да одолее.
Од кујната на баба доаѓа рецепт за воздушни и меки крофни.
Состојки:
15 гр квасец
200 мл млеко
1 лажичка шеќер
2 јајца
1 коцка путер
кора од лимон
3 лончиња од 200 гр брашно
Подготовка:
Квасецот издробете го со малку вода и шеќер. Јајцата изматете ги со жица за матење, додадете ги квасецот, путерот, малку сол, кората од лимон и брашното.
Замесете глатко тесто и оставете малку да нарасне. Поделете на квадрати, па свиткајте во топчиња и ставете на хартија за печење.
Оставете повторно малку да нарасне и испржете. Спуштете ги крофните со хартијата во масло, а потоа извадете ја хартијата по неколку секунди. Свртете кога ќе порумени.
Извадете со решеткаста лажица на хартија за да се впие вишокот маснотии. Посипете со ванила и шеќер во прав.
извор:курир.мк