Радио Милева тешко минато

Изјавата на Дру Баримор го шокираше светот: „Сите нивни мајки си заминаа, а мојата не… Јас го немам тој луксуз“ (фото)

Изјавата на Дру Баримор го шокираше светот: „Сите нивни мајки си заминаа, а мојата не… Јас го немам тој луксуз“ (фото)

Познатата холивудска актерка Дру Баримор открила дека мајка ѝ Џејд своевремено, додека била дете, ја изложувала на алкохол и дрога.

Дру за странските медиуми изјавила дека „одвај чека“ нејзината мајка да „исчезне“, зошто би сакала да биде малку поемпатична кон себе.

Дру Баримор признала дека би сакала нејзината мајка да е мртва додека го опишувала своето бурно детство и својата борба да „порасне“.

Актерката (48) во минатото била многу отворена за тоа како неjзината мајка Џејд ја „експлоатирала“ и како ја водела на холивудски забави и во ноќни клубови кога била мала.

Еднаш открила дека првиот алкохолен пијалак го консумирала кога имала само девет години, како и дека користела кокаин на свои 12 години.

Сега, во интервју за „New York Magazine“, ѕвездата од „Чарлиевите ангели“ изјавила дека одвај чека нејзината мајка да исчезне по што признала дека им завидува на своите пријатели кои ги изгубиле родителите.

„Сите нивни мајки си заминаа, а мојата не… Јас го немам тој луксуз. Но, не можам да дочекам тоа да се случи“, изјавила актерката.

Подоцна во интервјуто, Дру малку ја ублажила својата изјава. Кажала дека ѝ е жал што дала такви коментари за својата мајка, велејќи дека сепак ѝ значи тој луксуз без оглед на тешкото минато.

„Не се чувствував добро кога го кажав тоа. Јас навистина се грижам“, изјавила подоцна Дру.

Не е тајна дека таткото на Дру, актерот Џон Баримор, бил насилен алкохоличар и дека го напуштил семејството додека Дру била уште многу малечка. Изјавила дека и нејзината мајка Џејд едноставно не била подготвена сама да ја одгледа.

Познатата актерка мајка ѝ на само 13 години ја испратила во психијатриска установа каде поминала цели 18 месеци, а по излегувањето Дру се еманципирала од родителите.

фото:Инстаграм принтскрин

To top