Живот и Стил

Мек и сочен колач со вишни и гриз: Лесно се подготвува, а ќе го обожува целото семејство

Мек и сочен колач со вишни и гриз: Лесно се подготвува, а ќе го обожува целото семејство

Овој колач од вишни брзо и лесно се подготвува, а потребни ви се едноставни состојки кои најчесто ги имате во кујната.

Главните состојки покрај вишни се јогурт и гриз, што гарантира дека колачот ќе биде мек и сочен. Рецептот е идеален за периодот кога имаме свежи вишни на пазарот, но можете да го направите во било кое доба од годината со замрзнати вишни.

Потребни состојки:
– 5 јајца
– 120 гр. шеќер
– 200 мл. јогурт
– 100 мл. масло за јадење
– 200 гр. брашно
– 150 гр. гриз
– половина ќесичка прашок за печиво
– 500 гр. измиени и исчистени вишни
– шеќер во прав за посипување (по желба)

Начин на подготовка:
Белките изматете ги во цврст снег. Во жолчките додајте го шеќерот и матете додека не се соединат. Потоа, во жолчките додајте го маслото и јогуртот и кратко изматете со миксер.

Во смесата додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и гризот и соединете. Потоа, додека мешате со шпатула додавајте го шлагот од белките.

Намастете еден сад за печење и распоредете ја подготвената смеса во него, а одозгора ставете ги измиените и исчистени вишни.

Колачот печете го во рерна загреана на 180 степени, 40 минути. По желба, пред сечењето посипете шеќер во прав одозгора.

извор:точка.ком.мк

To top