Живот и Стил прсти да излижеш

Како да направите еклери на домашен начин?!

Како да направите еклери на домашен начин?!

Еклерите, еден од најпопуларните колачи во светот, може да се направат без комплицирана подготовка

Познатиот десерт со потекло од Франција е направен од варено тесто, наполнето со крем од ванила и прелиено со стопено чоколадо. Постојат различни варијанти на еклер.

Наш предлог е да пробате едноставна и многу вкусна варијанта во која наместо варено тесто се користат пишкоти, а кремот од ванила се заменува со крем кој не се вари.

Состојки:

100 гр маскарпоне сирење

200 мл слатка павлака

200 гр пишкоти

200 мл млеко

150 гр чоколадо

2 лажици масло

Чоколадни трошки

Подготовка:

Прво изматете ја слатката павлака, а потоа додадете го маскарпонето и продолжете да матите.

Смесата сипете ја во шприц за колачи или ако немате истурете ја во кеса за замрзнување и исечете дупка.

Земете пишкота, потопете ја во млеко. Преку неа ставете од филот со помош на шприц за колачи и потопете во млеко. Одозгора ставете друга пишкота што сте ја натопиле во млеко.

Правете го ова додека не ви снема состојки. Чоколадото растопете го со масло, па потопете ги еклерите.

Наредете на тацна, па ставете во фрижидер да се стегнат. Украсете со фил и чоколадни трошки.

To top