Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ го загуби своето бебе во петтиот месец од бременоста, а тажната вест ја сподели со јавноста нејзиниот партнер, Немања Гудељ и замоли за приватност.
Тажната вест го погодила целото семејство и блиските пријатели на двајцата, а нејзината мајка Цеца вчера дојде во црно на снимањето на „Ѕвездите на гранд“.
Обезбедувањето ја испрати пејачката од автомобилот до влезот на студиото каде набрзо започна и снимањето.
Цеца на себе инаку имаше големи црни очила за сонце со што го прикри лицето и очите како не би се виделе нејзините подочњаци доколку ги има и уморот на себе по стресниот период во животот.
И покрај тажните моменти во нејзиниот живот таа професионално реши да ги исполнува музичките обврски.
фото: Antonio Ahel/ATAImages/Instagram printskrin
TELEGRAF.RS