Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ, која неодамна стана мајка по трет пат, не ја пропушта можноста на светот да му ја покаже жената која и го подарила живот, убавината и нежната природа.
Драгана Ивановиќ е жена која се држи до себе, а како што одминуваат годините не е ни чудо што се повеќе плени со својот изглед и изгледа неверојатно добро за своите години.
Гордата баба ја користи секоја прилика да и се најде на својата ќерка и да и помогне да ги подигне синовите, а и Ана го цени тоа.
Ана отсекогаш велеше дека нејзината мајка во секое време и била најголем поддржувач и дека тие две се исклучително блиски. Иако Драгана не сака да се експонира, често можеме да ја видиме на профилот на нејзината ќерка, кога тенисерката ги пишува нејзините пофалби и покажува колку и значи овој убав однос.
Да потсетиме, Ана стапна на лудиот камен во 2016 година кога со венчавка во Венеција се омажи со познатиот германски фудбалер Себастијан Швајнштајгер.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Ивановиќ