Денешната недела би можеле да ја искористите за се што не сте успеале во текот на претходните денови, а најпрво мислиме на се’ што годи на вашата душа.
Дали тоа ќе биде одмор во кругот на најблиските или пак излегување со група пријатели, вие сигурно знаете што ви годи и правете во склад со тоа.
Денес немојте да планирате никакви заостанати работи, работата способност ви е на многу ниско ниво и би можеле цел ден да рботите нешто за што обично би ви требале неколку часови. Едноставно, одложете ги обврските за некој друг ден кога ќе бидете попродуктивни.
Овен
Не можете да предвидите нечиј одговор на зададена тема или да воспоставите добар однос и комуникација со одредени соработници. Нема причина за разметливост.
Партнерот упорно и без објаснување ги игнорира вашите идеи. Без оглед на својата тактика, не можете да го остварите она што сте го наумиле.
Можни се проблеми со синусите.
Бик
Важно ви е да ги ускладите различните интересирања кои постојат меѓу соработниците. Сепак, секој од вас има свои приоритети и тешко се согласува на деловни отстапки.
Нема потреба да ја повторувате приказната која не остави позитивен одек на саканото лице. Некој ве критикува поради однесувањето или маните.
Добро се чувствувате.
Близнаци
Важно е да направите листа на приоритети и да прифатите нечиј совет. Со дополнителна упорност можете да ги надминете ограничувањата кои ви ги поставуваат соработниците.
Нема потреба да одговарате на нечија емотивна провокација или предизвик.
Повеќе одморајте се.
Рак
Потребна ви е дополнителна мерка на внимание при деловните средби. Одбегнувајте ризик или купопродажни трансакции. Искуството ве предупредува дека не треба да се биде претерано внимателен.
За жал љубовта и задоволството не одат секогаш заедно во иста комбинација. Некој заслужува приоритет. Сочивајте ја потребната нота на дискреција.
Напнатост.
Лав
Одбегнувајте претерано експонирање меѓу соработниците и немојте да зборувате за работи кои претствуваат потенцијален ризик за вашите деловни интереси.
Склони сте кон чести промени на расположението и делувате несигурно пред саканото лице. Потребна ви е поголема емотивна поддршка.
Здравјето ви е добро.
Девица
Имате добри идеи за унапредување на деловните цели, но ви недостасуваат доверливи информации. Потребно е да се определите за практично решение и да го сочувате добриот однос со соработниците.
Во разговор со блиско лице постапувате по својата совест. Неумереноста во изразувањето на чувствата наведува на погрешно решение.
Добро се чувствувате.
Терезија
Важно ви е да привлечете нечие внимание и да го оправдате својот углед. Сепак, работите кои ги правите повеќе потсетуваат на преувеличување или на лична несигурност.
Наместо да размислувате на нечии мани подобро е посериозно да го анализирате своето однесување и грешките кои сте ги направиле.
Нервозни сте.
Скорпија
Доколку ве привлекуваат некои таинствени ситуации неопходно е да прифатите и одредени деловни ризици кои произлегуваат од експериментлните потези.
Средбата со едно лице за вас претставува емотивно задоволство и уживање. За жал,тој емотивен врв бргу исезнува.
Проблеми со забите.
Стрелец
Нема потреба да се поведувате за лажни впечатоци или некој да ве залаже со погрешна приказна за деловните можности. Доколку трпите неуспех променете ја својата деловна позиција.
Во средбата со блиско лице дозволете си некоја омилена забава или различни содржини кои го потврдуваат вашиот добар вкус.
Одлично се чувствувате.
Јарец
Не треба да обрнувате внимание на нечии коментари. Се’ што правите со позитивна тенденција остава добар впечаток на околината. Важно е да применувате испробани рецепти.
Смислувате начин да привлечете нечие емотивно внимание, но вашата љубовна тактика минува без одек. Имајте доволно фантазија.
Проблеми со зглобовите.
Водолија
Доколку се наоѓате во чувствителна фаза на своите соработници препуштете им да се бават со комплицираните задачи кои бараат големи напори. Морате да имате добра проценка.
Се обидувате да ги поместите границите на уважување на различни ставови во емотивниот однос, но саканото лице покажува претерано самоволие.
Можна е главоболка.
Риби
Во средба со соработниците не е на одмет да побарате нечија заштита и добар совет. Има работи кои изискуваат креативно размислување или фаза на инкубација.
Некој го предизвикува вашето емотивно интересирање и добро расположение. Нови настани ви асоцираат на пријатни спомени.
Коригирајте ја исхраната.
извор:екран