Радио Милева денови за радост и честитки

Малечкиот Мики на Билјана Дебарлиева стигна до матура: Згодниот и шарментен убавец на мама пред нова врата од животот (фото)

Малечкиот Мики на Билјана Дебарлиева стигна до матура: Згодниот и шарментен убавец на мама пред нова врата од животот (фото)

ТВ водителката Билјана Дебарлиева и нејзиниот сопруг Јован стигнаа до денот кога ќе кажат дека нивното помало синче Мики веќе пораснал, а пред него е нова животна етапа од која детството е зад него.

Месец мај, време за матури, а меѓу познатите кои се радуваат на својот матурант е и Дебарлиева.

Мики пораснал во шармантно и згодно момче стилизирано во црно одело и бела кошула споено со бели патики, сосема соодветно за еден матурант.

-Заврши детството, се отвара вратата од животот… Започнува период на “тест возење”, време на студии и студентски живот, интересен период во животот, ролеркостер
Со среќа Мики…, напиша тато Јован во објавата каде го покажа својот матурант, а фотографијата ја сподели и гордата мајка која не така често има пракса јавно да ги покажува своите наследници, особено не синот.

Четитките разбирливо се редеа една под друга, со желби Мики да го избере она што најмногу го сака за понатамошното образование, а мама и тато и да останат горди среќни и насмеани со причина повеќе за здравица.

За потсетување, неговарта постара сестра Ана дипломираше економија.

фото:Фејсбук/Билјана Дебарлиева

To top