Пејачката Лепа Брена е позната како јавна личност која освен луксузни недвижнини, поседува и автомобили, јахти но и скап накит.
Така, Брена пред неколку дена во јавноста се појави со прескапиот часовник „Rolex“, поточно моделот „Cosmograph Daytona“ изработен од жолто злато со црни керамички детали. Малопродажната цена е 33.250 евра, додека пазарната е дури 80.000 евра.
Брена гордо позираше за Инстаграм со својот нов часовник, кој доминираше со нејзината рака, а коментарите на нејзиниот профил само продолжија еден по друг.
– Вреди 80.000 евра, носи „злато“ за кое се чека три години! – се само дел од коментарите под фотографијата на пејачката.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Лепа Брена