Состојки:
500 гр брашно
200 гр шеќер во прав
300 мл масло
150 ml топла вода
1 прашок за пециво
џем по вкус
Подготовка:
Измешајте вода и масло, додадете прашок за пециво и измешајте, па додадете брашно.
Се меша со лажица, па се замесува тесто со рака. Тестото поделете го на 3-4 топчиња и на набрашнета површина формирајте круг и премачкајте го со сукало.
Се сече на триаголници, се става по малку џем и се витка во мали кифли.
Се редат во плех обложен со хартија за печење и се печат во загреана рерна на 200 степени додека не поруменат. Ако тестото е лабаво, притиснете малку со прстот на неколку места. Врелите кифлички виткајте ги во шеќер во прав.
Извор: Курир.мк