До неодамна Шајло Џоли-Пит инсистирала да ја викаат Џон. Излегуваше облечена како момче, ја потстрижуваше косата кратко, па беше дури тешко да се разликува од нејзините браќа.
Според новинарите, дури размислувала и да си го смени полот.
Сепак, нешто се смени пред неколку години. Најстарата биолошка ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит почна се повеќе да се појавува во женствена облека, ја пушти косата долга и веднаш стана многу слична на нејзината мајка.
Според упатените, девојката која ќе наполни 17 години, драстично созреала. Според некои светски медиуми, Шајло има дури и момче. Згора на тоа, судејќи според нив, славната мајка го одобрила и тоа бил главниот услов на Џоли – да го запознае секој потенцијален дечко.
Но, досега никој не успеал да го фотографира парот. Шајло се труди да не ја промовира својата врска и засега успешно се крие од медиумите.
-Откако разводот на нејзините родители се најде на насловните страници, таа претпочита да го држи приватниот живот навистина приватен. Важно е среќна, многу и е пријатно со своето момче, објавија странските медиуми, наводно цитирајќи извори од најтесниот семеен круг.
фото: Instagram/ ROB LATOUR/ SHUTTERSTOCK/MASSIMO VALICCHIA/ NURPHOTO/SHUTTERSTOCK