За грешките на организаторите на премиерата на филмот „Индијана Џонс“ денеска, за жал, зборуваат сите.
Легендарниот актер Харисон Форд беше во центарот на вниманието на третиот ден од Канскиот филмски фестивал. Таму премиерно беше прикажан долгоочекуваниот, а барем за актерот, последниот дел од франшизата за најпознатиот археолог во светот, „Индијана Џонс и бирачот на судбината“.
Но, освен релативно млаките реакции за настапот и тоа како 80-годишниот актер е добро воспитан сениор, денес сите зборуваат за грешката на организаторот. Некој, одлучувајќи каде да седи, ги раздели Форд и неговата сопруга Калиста Флокхарт.
Имено, тие ја ставиле во ред зад нејзиниот сопруг.
Флокхарт на крајот седна зад Харисон, а кој и да згрешил со распоредот и зошто, денес сигурно не е лесно. Вакви грешки ретко се случуваат, особено кога станува збор за придружба на ѕвездата на вечерта.
Тие двајца се пар од 2002 година, се венчаа во 2010 година и како што пишуваат американските медиуми „од вчера не се во врска“ за да дојде до ваква забуна.
фото:EPA Images