Речиси секој фустан, јакна, здолниште и пар панталони во вашата гардероба има барем еден ваков патент кој некогаш „се заглавил“
Како да се поправи патентот можеби е еден од најкорисните модни трикови што некогаш ќе ги научите.
Сепак, расипаните патенти се веројатно најтешки за поправање, бидејќи колку повеќе се обидувате да го движите лизгачот нагоре – надолу (во различни моменти на неволја), толку повеќе патентот може да се расипува.
Вистина е дека мајсторот во вашата локална продавница за поправка брзо ќе го замени и ќе го реши проблемот, но многу почесто ви треба брзо и лесно решение. Така, „Cosmopolitan“ предлага некои од најдобрите трикови за поправка на патентот користејќи предмети од домаќинството како клешти, вазелин, молив, па дури и лак за нокти – во зависност од тоа што имате.
Земете го шрафцигерот
Ако едната или двете страни на лизгачот се одделат од стазата, патентот не мора нужно да се замени, лизгачот само треба повторно да се прицврсти. За да го направите ова, пронајдете го “дното” на патентот. Вметнете ги забците од тој крај во лизгачот. Ако ви треба дополнителна потпора за да ги турнете забците на своето место, користете шрафцигер со рамна глава. Штом забците се внатре во двете страни на лизгачот, користете го извлекувачот за да го движите нагоре и надолу по стазата за да го заклучите на своето место.
Земете пинцета
Секогаш прво проверувајте дали има нешто заглавено во патентот, како постава или конец. Ако е можно, отстранете ги овие пречки со рака пред да се обидете повторно со затварање. Меѓутоа, ако заглавениот предмет не се движи, обидете се да користите пинцета за полека да го извлечете она што ја блокира работата.
Графит, детергент или вазелин
Ако патентот сè уште не се помрднува, не губете верба. Можеби ќе треба да му приужите дополнителна помош. Започнете со обложување на забците на патентот со графитен молив, кој ќе делува како лубрикант за да помогне во олеснување на непреченото работење.
Ако тоа не функционира, обидете се со мала количина на течност за миење садови за дополнително да му помогнете на лизгачот да се движи нагоре – надолу. Ако моливот и течноста за миење садови не делуваат или ако сте загрижени дека може да ви ја извалкаат облеката, обидете се со вазелин.
Користете клешти
Ако патентот постојано ви паѓа, тоа често значи дека забците се или поместени или истрошени. Започнете со внимателно испитување на самиот патент за да одредите дали некој од забците едноставно не е усогласен. Ако е така, користете сет клешти за полека да ги свиткате расипаните забци назад на свое место. Алтернативно, ако се чини дека сите се на вистинското место, преминете на следниот чекор.
Пробајте лак за нокти
Ако се сомневате дека вашите забци се истрошени од прекумерна употреба (да, тоа се случува), трикот што може да функционира е да ги обложите забците со проѕирен лак.
Ова ефикасно ќе ги задебели, што може да помогне да се врати во поранешниот работен сјај. Ако откриете дека патентот сè уште не се затвора по првиот слој, можеби ќе сакате да пробате уште еден или два слоја.
Извор: Курир.мк