Ако сте во постојана потрага на брз и природен начин кој ќе ви помогне да го отстраните целулитот, тогаш сте на вистинското место.
Во прилог ви нудиме неколку совети и методи кои се испробани и тестирани, а кои ќе ви помогнат да се збогувате со целулитот!
- Ексфолијација на кожата
Користете сува четка или ракавици за ексфолијација и со нив правете големи кружни движења на критичните делови, така ќе го стимулирате протокот на крв и ќе ги отстраните мртвите клетки.
Масирајте ја вашата кожа, движејќи се од „критичното место“ спрема срцето за да го зголемите лимфниот проток и на тој начин ќе го намалите целулитот.
- Пилинг од кафе
Можете да направите ваш пилинг од кафе од остатоците од вашата шолја или пак да купите некој од продавница. Користете го за масажа на критичните области два пат неделно, и не само целулитот туку и стриите ќе исчезнат за краток временски период.
- Вежбајте!
Вежбањето е најголемиот непријател на целулитот! Зголемете ги кардио вежбите, а намалете го периодот на седење. Верувајте, целулитот ќе биде минато!
- Зелен чај
Зелениот чај е одличен за отстранување на токсините но и за намалувањето на килограмите.
Но и покрај овие позитивни страни зелениот чај нема убав вкус, па затоа измешајте го со вашето омилено овошје. И ќе добиете совршена комбинација.
- Имајте самодоверба
Ако имате целулит или стрии не значи дека не изгледате одлично во бикини.
Самодовербата има огромна улога кога станува збор за изгледот.