Живот и Стил

Домашен сладолед од јагоди! Одлично задоволство!

Домашен сладолед од јагоди! Одлично задоволство!

Кој не сака јагоди? А сладолед од јагоди? Ова се само реторички прашања, а ние веруваме дека такви луѓе не постојат …

Состојки:

За сладолед:

2 кесички шлаг
400 мл кисела павлака
300 мл ладно млеко
5 лажици мед
500 гр мелени јагоди

За прелив:

200 гр јагоди
100 гр шеќер
3 лажици вода

Подготовка:

Прво изматете 2 кесички шлаг со 300 мл млеко. Во друг сад за матење ставете ги мелените јагоди, медот и павлаката. Сè соединете со миксер, а потоа лесно измешајте го шлагот со жица за матење. Ставете сè во пластична кутија и во замрзнувач, повремено мешајте додека не замрзне. За овошниот сос ставете да зовријат 100 гр шеќер и 3 лажици вода. Штом ќе почне да врие додадете 200 гр јагоди и оставете да се вари 8 минути. Се трга од оган и се лади. Послужете како прелив за сладолед.

Уживајте!

Извор: Курир.мк

To top