Некогашната водителка Мелита Ркиќевиќ е редовна корисничка на социјалната мрежа Инстаграм, а просторот за „стори“ редовно и е густо набиен од објави каде во главен фокус е таа.
Овој пат, Мелита направи преседан, па простор им даде на како што вели на двете најважни личности во нејзиниот живот- нејзината баба и мјака.
Поводот се поклопи и со денот на мајките, но и со роденденот на нејината баба која наполнила 90 години.
-Двете најважни личности во мојот живот, мојата мајка и мојата сакана баба на која и личам. Среќен 90-ти роденден бабо! Ти благодарм за се’ што ме научи, за сите критики и совети. Те сакам!- пишува Мелита.
Честитката беше упатена преку една ретро фотографија на која се заедно мајката и бабата на Мелита.
Доколку не потенциираше дека станува збор за дамите од чија лоза е, веројатно ќе помислевте дека е фотографија од две убави и стилизирани дами од старите холивуски класици.
Впечатливи фризури,фустани и дамски став, изглед од некое речиси заборавено време за кое фотографиите остануваат да сведочат.
фото:Инстаграм принтскрин/Мелита