Радио Милева незаменливо чувство

Идната мама Антониа Гиговска го сподели најинтимниот труднички момент кој се памети цел живот (видео)

Идната мама Антониа Гиговска го сподели најинтимниот труднички момент кој се памети цел живот (видео)

Пејачката Антониа Гиговска иако не е активна со својата музичка кариера, таа никогаш порано не била толку сеприсутна во медиумите и на социјалните мрежи.

Причина – нејзината прва бременсост во поодмината фаза која минува секојдневно пред очите на јавноста која иако можеби не баш и дели позитивни коментари, секогаш е со доза на љубопитност. Сепак, идната мама Антониа вели дека не е засегната од коментарите на злите јазици и е решена целосно да ужива во блажената состојба.

Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на една жена, а многу сегашни, па и идни мајки во фаза на бременост ќе се согласат дека моментите на движењето на бебето во стомакот е незаменливо и неописливо чувство од убаво.

Движења кои зе паметат, па дури и се „чувствуваат“ целииот живот на една мајка. Благослов од Бога  кој е непроценлив дар!

Бебињата во утробата на мајката се најподвижни во вечерните часови, а Антониа пред спиење легната во креветот, ја крена пижамата и го улови овој интимен и драгоцен момент за секоја мајка.

Едноставно прекрасно!

За потсетување, Антониа Гиговска недамна откри дека очекува машко бебе, а породувањето ќе се случи во една приватна болница во Скопје.

фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска

To top