Радио Милева

Сашко Коцев и Ранко Петровиќ имаа „блиска средба“: Годинава актерот не ја водеше, ама дали дефинитивно и се скара на „Златна Бубамара“? (ФОТО)

Сашко Коцев и Ранко Петровиќ имаа „блиска средба“: Годинава актерот не ја водеше, ама дали дефинитивно и се скара на „Златна Бубамара“? (ФОТО)

„Златна Бубамара на популарноста“, една од ретките манифестации кои останаа да траат дваесет и кусур годино во континуитет… Забавно музичко шоу иницирано од градското радио „Бубамара“ кое доделува награди на најпопуларните во разни области, со естраден стендап на актерите – водители… Некогаш легендарниот Тони Михајловски, кој по долги години го наследи ништо помалку добриот Сашко Коцев, засилен со тогашните „чираци на сцената“  – Тино и Атанас

И така се до годинава (2023-та) кога „заменските водители“ без најава станаа главни, а главниот исто така без најава не се појави на сцената да ја води престижната „Златна Бубамара“.

Имено најпопуларната манифестација годинава остана „осакатена“ за првиот нејзин шоумен – Сашко Коцев! Публиката тоа го дозна откако остана „фрапирано зачудена“ на своите столчиња упорно чекајќи водителот број еден да се појави на сцената, арно ама… „Заменските“ овој пат беа главни, терајќи го шоуто од А до Ш… до крај!

Нагаѓањата зошто Коцев е „заменет“ тргна уште вечерта на самата манифестација откако публиката сфати дека него на „Бубамара“ ќе го нема. Официјално – поклопување на термините и зафатеност со промоцијата во Словенија на романтичната филмска комедија „Нешто слатко“ во која Сашко Коцев и Јелена Јованови ги играат главните улоги.

По манифестацијата „сто муабети“ со „сто претпоставки“ се раширија во различни насоки, а приказните кулминираа по гостувањето на  прв водител на „Бубамара“ Тони Михајловски во едно домашно подкаст шоу, каде актерот директно го впери прстот во сопственикот и радио “Бубамара“ и извршен продуцент на манифестацијата, Ранко Петровиќ, обвинувајќи го дека му ја украл идејата за истата!

На приказната за „држете го арамијата“ совршено се налепи годинешното „(не)оправдано отсуство“ на наследникот на Тони Михајловски, колегата Сашко Коцев, па јавноста почна сериозно да се прашува дали навистина „каде што има чад, има ли и оган“?

Едни велеа дека ова е потврда оти Тони е во право, други дека му е криво, па сега споделува измислици, трети дека и на Коцев му завршил мандатот, оти и тој сфатил дека си има работа со „арамија на идеи“…

И така во недоглед, се до вчера, 10 мај 2023, кога Сашко Коцев и Ранко Петровиќ имаа „блиска средба“… И тоа за газдата на домашен, за актерот на гостински терен – во просториите на „Радио Бубамара“. Како потврда дека можеби годинава не ја водеше, ама актерот сепак не и се скара на „Златна Бубамара“.

Всушност, поводот за неговото радиоприсуство беше истиот оној  кој беше официјална причина за неговото „Златна Бубамара“ отсуство – филмот „Нешто слатко“, односно неговата македонска промоција во Скопје во киното „Синеплекс“ изминатиот викенд.

Заедничката фотографија „во 6 очи“ потврдува дека Сашко и Ранко „не ја растуриле калимерата“, напротив… Или не барем кога им се професионалните релации и обврски во прашање. Дали догодина Сашко Коцев ќе се врати да ја води „Златна Бубамара“, веројатно зависи и од тоа „какви им се математиките“ на двајцата стари пријатели?!

Конечно, „што ќе биде, нека биде“, како што вели еден од слоганите на изминатите „Бубамари“, иако… По сите коментари и процнки, најдобро е да биде како што си беше до сега, последниве години, се до годинава.

Фото: Јутјуб/ Инстаграм/ Фејсбук принтскрин

 

To top