Пејачот Дарко Лазиќ мораше да ги откаже сите настапи по операцијата за отстранување на вишокот кожа, како и компликациите кои следеа, за целосно да закрепне.
Дарко Лазиќ наводно имал 12 закажани настапи во Србија и Европа кои морал да ги откаже поради опоравување.
– На Дарко лекарите му рекоа да мирува што повеќе дома, му е забрането било каков физички напор, а на работа не смее ни да размислува. Кога имал консултација во клиниката каде што бил опериран, докторот му рекол дека не треба да пее барем уште еден месец. Дарко направил математика потоа и сфатил дека губи 200.000 евра. Парите сигурно не мора да ги врати затоа што ништо не зел однапред – вели извор близок до Лазиќ и додава дека Дарко веќе се договорил со менаџерите дека ќе ги почитува, но дека се уште не знае кога тој повторно ќе може да пее:
– Лазиќ каде и да се појави ги полни клубовите, па не му беше проблем да премести се’. Тој е баран пејач, публиката ги сака неговите песни и лесно ќе излезе на нови пазари откако ќе закрепне. Дарко сите го знаете, тој понекогаш не се грижи за себе, но сега сфати дека ситуацијата е сериозна и дека мора да се смири за да не се доведе повторно во опасност од компликации.
Лазиќ откри дека за него се грижи неговата партнерка Каќа.
-Го слушам докторот, тоа требаше веднаш да го направам кога ми рекоа да одморам по излегувањето од болница, а јас бев луд и седнав да го возам автомобилот. Сега сум смирен како бубачка после овие неколку операции. Не ми беше грижа! Нема да пеам, а настапите можат да почекаат. Времето сега е убаво, па ќе има работа – изјави пејачот.
Дарко вели дека неговата сопруга Кристина по операцијата се трудела да му помогне и се грижела за него.
– Каќа доаѓаше секој ден додека лежев во болница, а ме чува и надвор. И велам да излезе од станот, да се прошета со другарките, им вика да дојдат кај нас, оти мисли дека ќе заминам некаде. Не можам да ја убедам дека сум смирен и го следам советот на докторот – рече низ смеа.
фото: Инстаграм принтскрин