Легендарниот германски тенисер Борис Бекер по 13 годишна врска и 9 години брак, се разведува од сопругата Лили.
Во зедничкото соопштение тие велат дека се разделуваат пријателски и дека се посветени на синот.
„Ова не беше лесна одлука“, вели адвокатот на Бекер и истакна дека проблемите започнале претходната година кога тенисерот банкротирал.
Парот помина низ криза, а затој период прозбори и манекенката Лили.
„Беше тешка година. Многу се запуштив, премногу пиев и пушев, излегував и не се грижев. Мислев “мојот живот е ужасен и ќе умрам“. Пијев вотка, дневно пушев една кутија цигари, а Борис поминуваше низ пекол и не ме забележа. Се разделивме, изјави Лили на почеток на годината.
Бекер претходната година мораше да прогласи банкрот.
Бекер во неговата кариера заработил 35 милиони, има неколку имоти кои вредат милиони, а има и имот во Шпанија кој може да го продаде за шест милиони долари.
фото:профимедиа