Старинските колачи секогаш не потсетуваат на детството, па можете да направите мраморен десерт кој одлично оди со кафе.
Состојки:
5 јајца
10 лажици шеќер
200 грама брашно
100 мл млеко
100 мл маслиново масло
кора од лимон
2 лажици какао
1 прашок за пециво
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го брашното со прашокот за пециво. Додадете ги другите состојки, маслото, млекото, кората од лимон и сè измешајте.
Поделете го тестото така што поголемиот дел нека остане светол, а во другиот ставете го какаото. Подмачкајте ја тавата за печење, а потоа истурете 2 лажици од светлото тесто во центарот на тепсијата, па 2 лажици темно тесто одозгора и така до крај.
Нежно ставете ја тавата во рерна загреана на 200 степени и печете го мермерниот колач 40 – 45 минути.
Извор: Курир.мк