Младиот пејач Огнен Здравковски сподели убава и радосна вест со своите пријатели,следбеници и обожаватели, а за која сакаше да слушнат и да разберат сите.
Имено, неговата постара сестра, виолинистката Оле Здравковска Шундиќ е бремена и со сопругот Богдан го очекуваат своето прво дете.
За идните родители сега е ултра модерно преку палони со конфети да откриваат кој е полот на бебето и тоа уште во рана бременост, а се тоа благодарение на напредната медицина и технологија.
Оле и Богдан не пропуштија да го направат овој тест и да откриват дека ќе станат родители на здраво машко бебе.
Видеото кое се најде на нивниот Фејсбук го сподели и Огнен кој гордо се пофали дека ќе стане вујко и им честиташе на идните родители.
За потсетување, Оле и Богдан беа во врска повеќе од две години, а нивната љубов ја крунисаа со брак на Денот на виното и вљубените, 14-ти февруари 2021 година кога официјално стана мажена жена, односно госпоѓа Шундиќ.
Честитки и нека е со лесно!
фото:Фејсбук/Огнен Здравсковски