Живот и Стил

Со мед против целулит: Пречекајте го летото подготвени и задоволни

Со мед против целулит: Пречекајте го летото подготвени и задоволни

Многу пати се случува решенијата на многу проблеми да бидат токму во работите кои наоѓаат примена во секојдневното наше функционирање. Овој пат нема да збориме за примената на медот во исхраната и неговото влијание во креирањето на успешни козметички продукти, туку за ефектот кој го дава при справување со еден од најголемите проблеми на секоја дама – целулитот.

Техника на масажата

Земете помала количина на мед и нанесете на проблематичните делови и полека почнете да масирате со кружни движења во насока на движење на стрелките на часовникот. Кога ќе почнете да чувствувате пецкање, значи дека процесот на уништување на масните наслаги започнал. Остатокот од медот измијте го со топла вода.

Земете поголема количина мед и овој пат масирајте поцврсто или со прстите штипкајте ја кожата. Постепено забрзувајте го процесот се до моментот кога ќе почнете да чувствувате болка. Оваа масажа не треба да трае повеќе од 10 до 15 минути. Остатокот отстранете го со мокра крпа и истуширајте се.

Доколку почувствувате неподносливо пецкање, чешање или црвенило, веднаш прекинете со масажата бидејќи можно е да сте алергични на состојки од медот или едноставно вашата кожа да не го трпи ваквиот процес на антицелулитна масажа.

извор:курир.мк

To top