Дел од македонските познати личности вчера времето го поминаа во природа, како што тоа обично го прават на 1-ви Мај, а овој пат некои заминаа и надвор од Македонија, во потоплите и егзотични места.
Некои останаа во Скопје и околината, некои отидоа преку граница, но според сликите и приказните на социјалните мрежи, нема сомнеж дека сите уживале и квалитетно го искористиле празникот.
Водителката Лила Филиповска сподели неколку фото приказни, во кои се гледа дека ужива на плажа во Дубаи.
View this post on Instagram
Таа со фотографија во која е облечена во едноделен црвен костим на сите им го честиташе денот на трудот и порача дека живее по сопствени правила.
„Се’ можете да ми кажете, што сакате кажете, ама како да си го живеам својот живот, тоа не може никој да ми каже !!!Честит 1 -ви Мај другари“.
View this post on Instagram
ТВ водителката Ирена Спировска за 1 – ви Мај се придружила на една планинарска група и ги посетила Белвишки водопади, па сподели видео од убавата природа.
View this post on Instagram
Фолк пејачката Сузана Гавазова со женско друштво им го честиташе празникот на сите, па покажа дека и таа се одлучила да ужива во пролетните убавини на природата, некаде на ледина покрај вода.
Пејачката Викторија Лоба прати честитка од Охрид. „Мир! Труд! Мај!“ – напиша таа на нејзината Инстаграм приказна.
Во лежарно издание, таа покажа дека денот го поминала заедно со омиленото друштво, со нејзините миленичиња.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм