Водителот Огњен Амиџиќ во новото издание на култното „Амиџи шоу“ ги угости пејачката Слоба Васиќ, Дарко Лазиќ, пејачката Надежда Биљиќ, поранешниот задругар Фран Пујас и старлетата Тијана Ајфон.
Дарко во оваа прилика проговори за компликацијата која го снајде по операцијата на која неодамна беше подложен, а тоа е затегнување на кожата.
-Отидов порано, за да го отстранам вишокот кожа. Тоа опоравување требаше да трае две недели, но добив бактериска инфекција и опоравувањето продолжува до ден денес, се уште не сум оздравел. Се надевам дека наскоро ќе почнам да пеам… Операцијата беше успешна, само чекам да закрепнам – изјави Дарко.
Фото: Принтскрин/Инстаграм