Живот и Стил

Вкусно ми е, фаворит ми е!

Вкусно ми е, фаворит ми е!

Секоја убавина на овој свет заслужува да биде споделена…насмевка, сон, спомен, вкусна храна… Кога истата се споделува, станува магична, задоволството поголемо и трае.

„Човекот не може да размислува добро, да сака добро или да спие добро ако прво не се хранел добро“, е познатата реченица на Вирџинија Вулф, една од илјада авторки кои пишувале за врската помеѓу храната и љубовта.

Храната нè поврзува со минатото, со нашите сеќавања, со нашето семејство, можеби со некоја баба, со пријателите, понекогаш со непознати луѓе. Нè поврзува со мистериозните земји што никогаш не сме ги посетиле. Нѐ поврзува со нашиот стомак, со нашето тело, со нашата жива енергија, со нашите сетила. Ни овозможува да ги доживееме и споделуваме убавините на овој живот. Да уживаме во моментите.

И кога готвите, знаете ли што се случува? Вие станувате креатор на убавината.

Тоа најдобро го знае Бранко Попоски, македонскиот блогер за храна кој повеќе од четири години е дел од Инстаграм светот на готвењето и имагинацијата во кујна.

Спојувајќи го примарното со хобито, Бранко е веќе етаблиран како експерт во кулинарскиот свет. Има остро око за презентација, авантуристичко непце и способност да креира неверојатна содржина што ги инспирира неговите следбеници.

Бранко ја разбира важноста на поврзувањето со публиката и градењето силен личен бренд, па не е ни чудо што неговата страст за храна и готвење е клучот за отклучување на нови можности и допирање до уште повеќе луѓе.

Љубителите на храна, хедонисти, гурмани и сите кои уживаат во добра храна и рапсодии од најразновидни вкусови обожаваат да ги следат неговите профили на социјалните мрежи, кои се непресушен извор на кулинарска инспирација.

Доколку го прашате која е тајната на доброто готвење, ќе добиете очекуван одговор, а тоа се здрави состојки, многу љубов и најважно од сѐ – добра апаратура за готвење, затоа што според него, инвестирањето во добра опрема е од корист за вашето искуство во готвењето исто колку и за вашиот паричник.

Токму затоа, испреплетувањето на вкусови, Бранко го пронаоѓа во „Favorit Electronics“, успешен македонски бренд за бела техника, којшто повеќе од 25 години е посветен да ја испорача најдобрата вредност за парите на своите клиенти.

„Како инфлуенсер за храна, знам колку е важно да се има сигурни и квалитетни кујнски апарати, и затоа сум возбуден што соработката со „Favorit Electronics“ продолжува. Веќе некое време ги користам нивните производи и морам да кажам дека сум целосно импресиониран од нивните перформанси и издржливост. Асортиманот на „Favorit Electronics“ е огромен и одговара на широк спектар на потреби за готвење. Она што го издвојува овој бренд е нивната посветеност да ја испорачаат најновата технологија по прифатливи цени. Тие постојано иновираат и ги подобруваат своите производи за да ги направат побрзи, поефикасни и погодни за корисниците. „Favorit Electronics“ е дефинитивно мој ФАВОРИТ во кујна – изјави Бранко Попоски.

Во премисата за врвно готвење на Cooking with Branko не постои филозофирање, или како што би рекол и самиот, – „Вкусно ми е, ФАВОРИТ ми е.“

To top