Водителката на ТВ „Пинк“ – Бојана Лазиќ изминативе денови уживаше на одмор во Дубаи. Ја искористи приликата добро се одмори, а одмор без сонце и плажа на жешкиот арапски песок не би го елиминирал стресот.
Убавата Бојана покажа како изгледа во костим за капење, по што многу мажи не останаа рамнодушни на ова издание на атрактивната водителка на „розовата“ телевизија.
На прашањето: „Дали има нешто од што Бојана не е задоволна и што би сакала да го подобри своето тело?“, самата смело одговори:
„Како и повеќето жени, секогаш наоѓам некоја мана кај себе. И секако дека секогаш можете да вежбате подобро и повеќе. Сепак, имам многу среќа што имам многу добра генетика, добар метаболизам и затоа јадам се’. Можеби звучи нескромно, но никогаш не сум била подобра и позадоволна од себе, во секоја смисла. Најмногу се обвинувам што прескокнувам тренинзи, но искрено, телото ми е исто како што беше и пред десет години. Така што засега не се жалам“ – изјави Бојана за Еспресо.
На фотографиите особено впечатлива е дискретната тетоважа на телото на водителката, испишана под левата града во пределот на ребрата на која стои: “Само ти и јас…“ Токму мнозинството машки погледи посака да се најде во она – „Ти“!
Фото: Инстаграм принтскрин/bojanalazic00