Радио Милева без филтери и фолирање

Тијана не вапса јајца, туку со синчето ужива на плажа во Египет, а за своето издание во костим за капење вели дека повторно е „прасица“ (фото)

Тијана не вапса јајца, туку со синчето ужива на плажа во Египет, а за своето издание во костим за капење вели дека повторно е „прасица“ (фото)

Тијана Дапчевиќ заедно со сиот Вук замина на велигденски одмор во Египет.

За својата авантура со наследникот ги информираше следбениците уште за време за летот од каде направи кусо видео опишувајќи ја својата возбуда за она што им следи.

Откако стигнаа и се сместија во хотелскиот комплект во Хургада, мама Тијана го облече костимот за капење за веднаш да му се препушти на убавините на топлото време, базените и плажата.

За да го документира целото тоа беше задолжен Вук кој и ги исполнуваше желбите на мама Тијана и беше нејзниниот личен фотограф.

Без филтери и фолирање,Тијана покажа дека повторно качила некој килограм, но немаше никаков проблем да сокрие како изгледа во костим за капење, па дури и самаата се пожегува со коментарот во описот на фотографијата „ Прасица во акција“.

Токму за духовитоста на своја сметка имаше и една теорија која вели:

-Ако си духовит, автоматски ти си 79 проценти поатрактивен. убавината бледее, но сарказмот е засекогаш, пишува Тијана во наредната објава на своето „стори“.

Килограмите се намалуваат и качуваат, но спомените се тие кои остануваат, а Тијана и Вук сигурно ќе имаат еден незаборевен заеднички одмор на кој секогаш ќе се сеќаваат.

фото:Инстаграм принтскрин/тијана дапчеевиќ

To top