Летото е пред нас, а удобните патики почнуваат да им отстапуваат место на сандали и влечки, нагласувајќи ги стапалата. Внимателен педикир, длабока хидратација и мека кожа се неопходни за повторно да ги носиме омилените влечки, сандали и апостолки.
Еве 5 едноставни совети за сјајни стапала и ви предлагаме да ги примените што е можно побрзо:
Закажете состанок за педикир
Скратете ги вашите нокти што е можно повеќе и дајте им елегантна форма. Дајте предност на заоблените рабови.
Кажете ѝ збогум на дехидрираната кожа
Кожата на стапалата секогаш има тенденција да биде сува. Негувателни маски, навлажнувачи богати со хранливи материи и бањи за стапала со масла и производи кои ја оставаат кожата кадифена, се клучот за збогување со дехидрираната кожа.
Чест пилинг
Како и на остатокот од телото, така и на нозете, пилингот е неопходен. Нагласете го пилингот на петиците, но и помеѓу прстите, лесно тријте ја и површината на ноктите. Завршете го „ритуалот“ со навлажнувачки крем и стапалата ќе ви светат.
Маски за заштеда на време
Ако веќе не знаете, ќе бидете изненадени од ефективноста на маските за стапала за еднократна употреба. Се носат како чорапи онолку долго колку што е напишано на секој производ, а кога ќе ги соблечете, ќе ги видите ефектите. По неколку дена, кожата се лупи и станува мека и сјајна.
Не заборавајте на лакот
Колку и да сакаме природни педикири, модерната боја на ноктите е секогаш одличен избор за летните денови. За вашите стапалата, можете да изберете нешто дискретно што одговара на сите ваши чевли, како пастелни нијанси што се во тренд.
Извор: Курир.мк