Радио Милева позитивно изненадени

Маја Беровиќ ја менува професијата: Популарната пејачка одлучи да стане актерка (фото)

Маја Беровиќ ја менува професијата: Популарната пејачка одлучи да стане актерка (фото)

Маја Беровиќ одлучи да стане  актерка и ќе  глуми Молдавка во филмот „Мегдан“.

Популарната пејачка доби улога која со задоволство ја прифатла и во филмот во продукција на синот на Ѓорѓе Балашевиќ, Алекса Балашевиќ, пејачката своите реплики ќе ги кажува на  романски јазик.

Ова е прва улога на Маја за која мораше да научи и странски јазик.

– Маја глуми Молдавка и има реплика на романски. Навистина му се посвети на овој проект, долго време ги вежбаше своите сцени и акцент за што поверно да ја прикаже Молдавката – рекол изворот на Информер.рс близок до Беровиќ и додава дека сѐ уште ги чуваат деталите за нејзината улога во тајна.

– Маја нема да глуми пејачка, како што многумина очекуваа, туку многу интересна девојка од Молдавија. Не смеам да откривам детали, но сигурен сум дека гледачите ќе бидат позитивно изненадени и од нејзината улога и од нејзината глума.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top