Појавата на Мира Шкориќ не престанува да се коментира.
Фотошоп, најновите козметички достигнувања или еликсир на младоста? Нешто е, затоа што Мира Шкориќ повеќе не личи на себе. Всушност, личи на себе од пред триесет години. Треба да биде комплимент, сепак некои сметаат дека таа претерала со подмладувањето, па воопшто не ја штедат на социјалните мрежи.
Фолк ѕвездата е долго време на сцената и главен адут отсекогаш и бил одличниот глас, иако нејзиниот стас никогаш не заостанал.
Но, се чини дека им подлегна на трендовите, па на фотографиите кои ги објавува на Инстаграм прилично ги преувеличува филтрите. Нема потреба да го прави тоа, велат следбениците, бидејќи по природа изгледа фантастично за неjзината возраст. Мира очигледно не ги слуша.
На најновата фотографија многумина едвај ја препознаа популарната пејачка. Толку си поиграла со обработката што забележале дека изгледа помладо од нејзината ќерка. Потоа повторно, филтрите се подобри од филери, нели?