Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ се еден од оние парови кои беа меѓу најкоментираните во медиумите откако стана позната нивната романса. Нашироко се пишуваше за нивната голема љубов, подоцна раскинување и конечно помирување, а најмногу се шпекулираше што всушност го предизвикало нетрпението меѓу нив што доведе до крај на хармонична врска на само еден чекор од бракот.
Многумина беа на мислење дека Харис ја замени пејачката со некоја помлада, која е на негова возраст, меѓутоа, како што пренесува „Свет“, вистината е сосема поинаква. Музичката ѕвезда призна зошто не може да ги роди децата кои тој сакал да ги има со неа и со тоа донекаде откри една од причините поради која раскинале.
– Се обидов да им објаснам на Харис и на другите дека воопшто го немам тоа чувство за деца. Сите мислат дека е до нив, во смисла „не сакаш дете со мене“. Човек кој има потреба од „ксанакс“, кој не може да реши вербален проблем со луѓето, мислам дека не е подготвен за дете и воспитување дете. Јас што бегам од се’, што бегам од одговорност – изјавила за весникот, а додала зошто земала лекови за смирување:
– Поради спиење. Не можев да заспијам затоа што бев во една врска, а се заљубив во друга – рекла пејачката не сакајќи да признае кој е човекот во кој се заљубила, а кој е тој со кој била во врска, па вешто ја оттргнала темата од нејзиниот емотивен живот и се префрли на купувањето стан, за што трпи и критики.
– На добар пат сум да реализирам купување на стан и максимално ќе ја кријам неговата локација, заради мојот душевен мир. За почеток, ќе се скријам малку, многу е поинтересно така. Сфатив при оваа медиумска незаконитост дека многу си ја одморив душата и се смирив. И да, нема да купам стан во Белград, барем засега. Нема да обвинувам никого за тоа што сè уште не сум го купил станот. Само за едно видео платив 20.000-30.000 евра, па можев одамна да купам стан наместо да снимам два-три видеа. Ама добро, не се жалам, некогаш тие инвестиции се исплатеа, некогаш не. Најчесто не можеш да победиш ако не ризикуваш – искрен е Манојловиќ.
фото: Блиц ТВ принтскрин/Инстаграм