Радио Милева љубов до облаците

Даниел Кајмакоски со вториот брак го откри значењето на љубовта: „Ме ослободи од тежината и болката“ (фото)

Даниел Кајмакоски со вториот брак го откри значењето на љубовта: „Ме ослободи од тежината и болката“ (фото)

За Даниел Кајмакоски од минатото лето знаеме дека е среќно заљубен човек, а од меесец јануари и оженет по вторпат.

Пејачот по разводот од мисицата и тазе пејачка, Кристина Димитри, реши да му даде втора шанса на бракот, а со тоа и како што вели да го открие вистинското значење на љубовта.

За тоа е заслужна неговата црокоса сакана која остана мистерија за јавноста, бидејќи Кајмакоски нема немера да го открива нејзиното име, која е и со што се занимава.

Она што тој сака сите да го видат е нивната љубов од фотографиите со кои се почесто го полни својот Инстаграм профил.

За последните каде се стиснати еден до друг и разменуваат нежности, тој вели:

„Кога ќе ја пронајдете личноста која ќе ве ослободи од тежината и болката на животот, ќе го разберете вистинското значење на љубовта“, напиша Кајмакоски.

Прстените се на рака, а љубовта ја има во изобилство, така што не е изненадување и доколку истата се мултиплицира. Па, ако бракот беше изненадување за јавноста, приновата не може да не биде очекувана.

„Кога љубовта се претвора во живот, среќата добива едно име… Чекајќи го нашиот малечок“ – сподели момчето со „Х-фактор“ во професијата и нова радост во животот.

фото:Инстаграм принтскрин/Даниел кајмакоски

To top