Андријана Јаневска неодамна ја воодушеви публиката на „Залатна бубамара“ со изведбата на „Ми заплакало селото Ваташа“, настап заедно со Игор Џамбазов за кој се уште се зборува.
Андрјана периодов живее доста убави семејни моменти на кои се радува со целото срце, особено она што неодамна стана тетка на внук од помалата сестра која живее во Италија.
За да го запознае внукот занина во Милано каде ја имаше својата прва незаборавна средба со бебенцето.
Убавите нешта Андријана редовно ги споделува на социјалните мрежи, а уште една од нив беше и роденденот на нејзиниот тато Ристо кој го прослави јубилејниот 70-ти.
Горда ќерка и уште погордиот татко позираат заедно по тој повод, а Андријана за тато покрај честитката во една прилика напиша:
-Среќен роденден, тато! Фала ти што ме носеше на музичко, на ќебапчиња во чаршија, на Матка за викенди, на Олимписки базен… Фала ти што ме научи да пливам, да учам, да го сакам школото, да ја сакам природата, да ги сакам и чувам животните и цвеќињата, да ги почитувам родителите, да бидам блиска со брат ми и сестра ми. Фала ти што што ме научи да возам велосипед и кола, да бидам самостојна, да не се плашам од предизвици, да не се плашам од ништо. Фала ти што ми пееше пред спиење секоја ноќ кога бев мала. Фала ти што ме научи да бидам човек, се расплени со емоии таа.
Многумиа ќе се согласат дека врската помеѓу татковците и ќерките е посебно силна, а сигурни сме дека и Андријана и господин тато Ристо ќе се согласат со истото.
Нека е среќен за уште многу години и убави моменти со најдрагите!