Тамара Тодевска никогаш не се штедела на социјалните мрежи да пожаже моменти од своето секојдневие, особено кога има убав повод и причина за тоа со ќеф да се пофали пред следбениците.
Песната „Нијагара“ е она за што деновиве е ултра актуелна, но сега наспроти она што и се случува на музички план, Тамара покажа емотивен приватен момент заедно со своите најсакани.
Неодамна и беше роденден на мама Брана, а сега на ред дојде денот и на тато Велко.
Овој пат, меѓу „густо“ објавените приказни на Инстаграм се најде и една фотографија која на сите им го привлече вниманието.
Имено, пејачката сподели моменти од роденденот на нејзиниот татко, Велко Тодевски, поранешниот професор по контрабас на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Тој заедно со неговите внуци, Хана и Дарен седнати пред роденденската торта ги дувнаа свеќичките по повод роденденот.
Тато Велко го прослави 78 – от роденден, а од неговите внуци доби прегратки и многу љубов зачинета со широки насмевки. Тамара всушност на славеникот му го донесе најубавиот подарок што еден дедо може да го посака – внуците.
Се, разбира дедовците се најсреќни и наисполнети покрај нивните внуци, а веруваме дека виртуелни честитки за роденденот добил и од Вук единeцот на Тијана, неговата постара ќерка и прва татина љубов.
Освен здравје и безгрижни пензионерски денови, дедо Велко нема што да посака кога наследниците се до него.
Фото: Принтскрин/Инстагарам/Тамара Тодевска/Тијана Дапчевиќ