Велигден се ближи, а домаќинките веќе на големо планираат како ќе изгледа во нивниот дом оваа година. Покрај богатата празнична трпеза, тука е и бојадисувањето со јајца, а дали веќе сте размислувале за техниките што ќе ги користите оваа година?
Доколку не сте, ви носиме одличен совет како брзо и лесно да декорирате јајца без многу мака и труд.
Имено, доколку сакате вашите јајца да бидат во пастелни бои, се препорачува да користите бели јајца. Ако не можете да најдете да купите, можете да ги избелите во вашиот дом.
Доколку не ви е важно јајцата да бидат светли, тогаш можете да ги користите и оние со потемна жолта лушпа.
Еве како брзо и лесно да обоите јајца и да изгледаат уникатни.
Ви требаат јајца, проценете сами колку. Гответе ги како што обично правите, а потоа врз нив залепете ги формите што сте ги отсекле од изолир лента. Можете да исечете кругови, а потоа само да оставите ленти, да исечете зајачиња, што и да ви падне на ум.
Откако ќе ги направите формите, јајцата ги спуштате во чашата во која сте ја измешале бојата, ги потопувате неколку минути, а потоа ги вадите кога јајцето ќе ја добие саканата боја.
После тоа, кога јајцето ќе се исуши, само извадете ги лентите и јајцата се готови. Веруваме дека вие, како и сите што ќе ги видат, ќе бидете воодушевени.
Погледнете ја постапката во следното видео:
Извор: Курир.мк